Станковски си поднесе оставка од Работнички


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Горан Станковски повеќе не е тренер на Работнички откако денес ја депонираше својата оставка до челните лица на клубот.

Станковски кој го замени Виктор Треневски на клупата на „романтичарите“ поднесе неотповиклива оставка по ремито со Академија Пандев (1:1) и серијата лоши резултати оваа пролет.

„Поднесов оставка од позицијата шеф на стручен штаб на Работнички. Мислам дека ова е вистински потег од моја страна, да преземам одговорност за досегашните резултати на тимот во првенството. На тимот му е потребен нов импулс за да продолжи со подобри игри и резултати, а тренерот е тој што секогаш треба прв да ја преземе одговорноста. Сакам да изразам благодарност до раководството на клубот, претседателот Драган Поповски за укажаната доверба, и на ФК Работнички му посакувам многу успеси во наредниот период. И понатаму верувам дека овој тим може да ги исполни своите цели“, изјави Горан Станковски.