За Јуве, мечот со Реал како финале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Хуан Квадрадо, изјави дека верува оти неговиот тим во првиот натпревар во четвртфиналето на Лигата на Шампионите против Реал Мадрид ќе го дочека како да е во прашање финале.

„Тие се фантастичен тим, но мораме да се фокусираме на нашата игра, ќе играме како да е финале“, изјави Квадрадо.

Фудбалерите на Јуве денес го дочекуваат Реал во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Шампионите. Ова ќе биде прв дуел на овие екипи после минатогодишното финале во Кардиф, каде што шпанскиот тим убедливо победи.

Јувентус го дочекува овој дуел после триумфот над Милан со 3:1 во Серија А. „Старата дама“ сега има четири бода повеќе од второпласираниот Наполи.