ПСЖ го посакува Алдервирелд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на ПСЖ се вклучија во трката за играчот на Тотенхем, Тоби Алдервилд.

Белгискиот интернационалец одбива да го  продолжи договорот со Тотенхем затоа што „петлите“ не му ги исполнуваат барањата, па веројатно ќе ја промени средината во текот на летниот преоден рок.

За Алдервирелд постои сериозен интерес од Челси и Манчестер Јунајтед, а последен клуб кој се вклучи во трката за одличниот дефанзивец е ПСЖ.

Наводно, Алдервирелд барал десет милиони фунти по сезона, а парижаните биле подготвени да му ја понудат таа сума.