Барселона ја пронајде замената за Умтити по неговото се поизвесно заминување во Јунајтед


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од таборот на Барселона веќе ја пронајдоа замената за Умтити кој по се изгледа ќе си замине од Кталаонија и кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ се подготвени да ја платат клаузулата од 60 милиони евра за Умтити, а и да ги исполнат високите барања на дефанзивецот со цел да го привлечат во своите редови.

Челните лица на Барселона веќе ја идентификуваа неговата замена и влегоа во преговори со неговиот клуб за евентуален трансфер во летниот преоден рок. Се работи за Клемен Ленгле од редовите на Севиља кој одигра феноменален натпревар на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед во рамките од 1/8 финалето од Лигата на Шампионите.