Балотели би можел да се врати во Премиер лигата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Напаѓачот кој во минатото ги носеше дресовите на бројни европски великани по крајот на оваа сезона е слободен агент затоа што неговиот договор со Нива ќе истече во јуни.

Балотели беше очајно лош во Ливерпул, но одигра солидно на „Етихад“ освојувајќи ја Премиер лигата под водство на Манчини.

Сега се шпекулира дека контроверзниот напаѓач би можел да се врати на Островот, а дека има нешто потврди и неговиот агент, Мино Раиола.

„Марио е подготвен да се врати, тој израсна во еден од најдобрите десет напаѓачи во светот. Во Италија е број еден. Тој е вреден околу 100 милиони евра, а клубовите може да го добија бесплатно. Преговарам со неколку клубови од Англија и Италија. Веќе седнав на маса со Јувентус, Рома, Интер и Наполи“- изјави Раиола.

Балотели имаше импресивни две сезони во Франција постигнувајќи 39 погодоци на 58 средби во дресот на Ница.