Скандал во Франција: Поранешен играч на Евертон и Монако играл со лажно име и презиме


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Играчот на Монако, Ласина Траоре кој во моментов е позајмен во Амиен цели 13 години играл со лажно име и презиме и има повеќе години отколку што претставува.

Траоре кариерата ја започна во Брегот на Слоновата коска, а претседателот на тамошниот клуб Етоил Спортиве Дабобо, Ибрахим Конте го обвини играчот дека ги лажирал своите податоци и дека со години игра под лажно име и презиме.

„Ласина Траоре во 2005 година го донесов во нашиот клуб и тогаш тој се викаше Траоре Менене. На мое големо изненадување подоцна ги промени своите години и името. Овој проблем трае 13 години. Не е фер во спортска смисла и поради тоа поднесувам правен случај против него. Знам многу работи кои може да докажат дека навистина играше за нашиот клуб по други податоци. Мора да се пронајде решение за оваа неправда, а ако не се пронајде ќе одам и пред Арбитражниот суд за спорт“- коментираше Коне.

Ласина Траоре има сменето многу клубови во Европа и играше за Клуж, Кубан, Анжи, Евертон, ЦСКА, Спортинг Хихон, Монако и Амиен.