Реал со една нога во полуфиналето, Баерн не е Манчестер и со победа се враќа од Андалузија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид полесно од очекувањата славеше на гостувањето во Торино кај Јувентус со 3:0.

Херој на „Кралевите“ беше Кристијано Роналдо кој постигна два погодоци и асистираше на третиот гол на Марсело. Посебно убав беше вториот гол на Португалецот кој со сигурност ќе конкурира во изборот за најубав гол на сезоната.

Реал дојде до водство уште во третата минута кога Иско го проигра Роналдо кој успешно ја смести топката во мрежата на Буфон.

За вториот гол се чекаше до 64. минута, но се исплатеше да се чека затоа што беше вистинска мајсторија на Роналдо. Еден од најдобрите фудбалери во светот со ножички по втор пат го матираше Буфон. Конечниот резултат го постигна Марсело по одлична тимска акција.

И тимот на Баерн Минхен си обезбеди мирен финиш по победата од 2:1 на гостувањето на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја.

Домашниот тим преку Сарабија стигна до водство од 1:0, но „Баварците“ на крајот стигнаа до комплетен пресврт. Најпрво Хесус Навас си постигна автогол во 37. минута, за во 68. минута Тиаго Алкантара да го постави конечниот резултат.