Ибра за Роналдо: Убав гол, но нека се обиде од 40 метри


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на ЛА Галакси, Златан Ибрахимовиќ на нему карактеристичен начин го опиша голот на Кристијано Роналдо против Јувентус.

Португалецот постигна феноменален погодок со кој во тој момент ја зголеми предноста на неговиот тим на 2:0, за на крај Реал да си замине од Торино со три голови позитива.

„Тоа беше убав погодок, но нека се обиде од 40 метри“ –прокоментира Ибрахимовиќ алудирајќи на неговиот гол за репрезентацијата на Шведска против Англија.