Клоп: Подготвени сме да пишуваме историја со Ливерпул


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако Ливерпул важи за аутсајдер во натпреварот против Манчестер Сити во рамките од ¼ финалето од Лигата на шампионите, менаџерот на клубот, Јирген Клоп верува дека неговиот тим може да го донесе шестиот трофеј од најелитното европско натпреварување во своите витрини.

Пред натпреварот со Сити, Клоп зборуваше многу за историјата на Ливерпул веројатно со цел да ги мотивира своите играчи за што подобар настап против нивниот противник.

„Клубот веќе има огромна историја, а ние мора да испишеме наша. Среќавам луѓе кои знаат да ми кажат кој дал гол за Ливерпул пред 37 години во 56. минута. Со тоа треба да се биде горд на тоа што овој клуб претставува. Меѓутоа и јас направив многу со моите тимови во минатото, и потоа доаѓате до еден момент во  кој мора да направите нешто свое. Момците се подготвени за тоа“ –истакна Клоп на прес конференцијата пред вечерашната средба.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити на програмата е денес, а ќе се игра на „Енфилд“ и започнува во 20:45 часот.