Гвардиола: Грешка би било да се браниме против Ливерпул


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последниот меч помеѓу Ливерпул и Манчестер сити заврши 4-3 за Ливерпул, а дефинитивно ќе биде интересна средбата и во четвртфиналето на Лигата на шампиони.

Гвардиола на прес-конференцијата кажа дека би било грешка ако се бранат против нивниот ривал.

„Знам дека начинот на кој што играме е совршен за Ливерпул зашто тие се екипа која напаѓа подобро од било кој друг тим во светот. Меѓутоа мислам дека најдобар начин да победиме е да играме како досега. Би било голема грешка ако се затвориме и ако се браниме против Ливерпул“, вели Гвардиола.