Ибраими двоен стрелец за Домжале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими полека но сигурно влегува во одлична форма во дресот на словенечки Домжале.

Ибраими беше двоен стрелец на денешниот првенствен натпревар против Рудар кој екипата на Домжале го доби со 4:1.

Ибраими беше стрелец на првиот гол уште во третата минута, а потоа го постигна и последниот, четврти погодок за неговиот тим во 74. минута од средбата.

Еден од најдобрите македонски фудбалери полека влегува во натпреварувачка форма по неговиот трансфер во Домжале во текот на зимата.