Реми на Милан и Интер, Икарди промаши празен гол (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако најголемото дерби во Италија заврши без погодоци, навивачите на „Сан Сиро“ имаа можност да гледаат солиден натпревар со неколку одлични шанси на двете страни.

Прва голема шанса на мечот имаше Милан во 21 минута кога Бонучи шутираше со глава, но Хандановиќ со одлична интервенција го спаси својот гол.

Десетина минути подоцна Икарди ја затресе мрежата на Донарума, но по консултација со ВАР системот судијата го поништи голот поради офсајд ситуација.

Во вториот дел Икарди имаше фантастична прилика и успеа да го промаши невозможното. Кандрева го проигра Аргентинецот кој од само неколку метри успеа да промаши празен гол.

Во финишот уште една шанса имаше Интер. Кансело го проигра Икарди кој повторно до неколку метри не ја затресе празната мрежа на Донарума и така стана трагичар на ова дерби.

Серија А, 27 коло

Милан- Интер 0:0

Беневенто- Верона 3:0

Киево- Сасуоло 1:1

Торино- Кротоне 4:1