Барселона пред пласман во полуфиналето


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона на својот „Камп Ноу“ успеа да запише убедлива победа против Рома од 4:1 и со тоа практично да си обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.

„Каталонците“ очекувано ја диктираа играта во текот на целиот натпревар, но интересно е што првите два гола беа автоголови на играчите на Рома.

Најпрво Де Роси во 38. минута си ја затресе сопствената мрежа, за на стартот на вториот дел и Костас Манолас да го стори истото. Во 59. минута Жерар Пике зголеми на 3:0 и ги урна сите надежи на „римската волчица“ за позитивен резултат во Шпанија.

Един Џеко го намали резултатот на десет минути пред крајот, а конечниот резултат го постави Луис Суарез во 87.минута.