„Завршив со Италија, заминувам во странство“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Максимилијано Алегри, открил за англиските медиуми дека планира да го напушти клупскиот фудбал и да се посвети на селекторската работа.

Веќе некое време се шпекулира дека Алегри ќе го напушти Јувентус и дека кариерата ќе ја продолжи во странство.

Во изјава за англиски медиуми, италијанскиот стручњак ја потврди оваа шпекулација и открил дека планира уште неколку сезони да се бави со клупски фудбал, а потоа да се посвети само на селекторската работа.

„Сигурно ќе одам во странство, бидејќи завршив со Италија. Можеби уште пет или шест сезони ќе бидам во клупскиот фудбал, после имаме намера да се посветам на селекторска работа. Таков е планот засега, но ќе видиме што ќе се случува“, рекол Алегри.