Навивачите на Ливерпул може да здивнат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах не е потешко повреден и Египќанецот ќе паузира само неколку денови.

Салах беше најдобар играч на вчерашниот натпревар против Манчестер Сити, но мораше да ја напушти играта во 52. минута поради повреда.

Тогаш речиси сите фанови на Ливерпул стравуваа поради подолга пауза, но за нивна среќа Салах ќе се врати уште овој викенд за дерби дуелот со Евертон.

Сепак, останува прашањето дали Клоп ќе го „жртвува“ или ќе го одмара пред клучниот реванш натпревар против Сити на „Етихад“.