Гатузо го продолжи договорот со Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо го продолжи договорот со „Росонерите“ до 2021 година.

Гатузо при промоцијата на новиот договор порача дека ќе го врати клубот онаму каде што припаѓа.

„Почестен сум со продолжувањето на соработката.  Благодарен сум на сите во клубот за поддршката. Ветувам дека ќе го вратам Милан таму каде што припаѓа“- истакна 40 годишниот тренер.

Гатузо во Милан стигна на крајот на ноември, а на клупата го наследи Виченцо Монтела. Од тогаш на 25 натпревари оствари 13 победи, пет реми исходи и шест порази.

Во досегашната тренерска кариера Гатузо беше предводник на Сион, Палермо, ОФИ КРит, Пиза и младиот тим на Милан.