Нов гол за Махмудов, но Додрехт загуби


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денис Махмудов продолжува да стрела за својот Додрехт. Напаѓачот погоди и на денешниот натпревар против Јонг АЗ во поразот на неговиот тим од 3:1.

Махмудов ја погоди мрежата на домашниот голман во 89. минута кога натпреварот веќе беше решен. Ова е 13 гол за Махмудов оваа сезона на неговиот 34 натпревар за клубот.

На натпреварот против Јонг АЗ 73. минути одигра и вториот македонски интернационалец, Александар Станков.

Стефан Ашковски и Фортуна Ситард сигурно чекорат кон обезбедување пласман во најелитната холандска лига. Фортуна денес славеше минимално на гостувањето кај Го Ахед Иглс со 1:0, а Ашковски ги одигра сите 90 минути. Фортуна на четири кола до крајот останува на првата позиција на табелата која води директно во Холандската прва лига.