Фелаини сам се понудил на Рома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Италија пишуваат дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини сам се понудил на тимот на Рома.

Договорот на белгискиот интернационалец со Манчестер Јунајтед му завршува во јуни, па така Фелаини без оштета ќе си замине од „Олд Трафорд“.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека тој сам се понудил на тимот од Серија А и ги оставил преговорите со неколку турски тимови во мирување.

Маруан Фелаини е миленик на Жозе Мурињо, но и покрај тој факт играчот од средниот ред одби во неколку наврати да ја продолжи соработката со „ѓаволите“.