Арсенал нуди 35 милиони фунти за играч на Бенфика кој нема заиграно за сениорите на клубот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според пишувањата на еден од највлијателните португалски медиуми, „О Жого“ од редовите на Арсенал се подготвени во своите редови да го донесат вундеркиндот на Бенфика, Жоао Феликс.

18 годишниот Феликс има неверојатна откупна клаузула од 52 милиони фунти, но од Бенфика би биле задоволни и би прифатиле и понуда од 35 милиони фунти.

Интересно е што Феликс се уште нема ниту еден официјален сениорски настап за Бенфика, но го привлече вниманието кон себе со одличните настапи за репрезентацијата на Португалија до 21 година.

За него интерес постои и од двата клуба од Манчестер, како и од ПСЖ и Монако.