Италијанците го пронајдоа својот нов предводник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Манчестер Сити и Интер, Роберто Манчини ќе биде новиот предводник на италијанската репрезентација.

Тој ќе си замине од Зенит по крајот на сезоната во Русија и веднаш потоа ќе биде назначен за наследник на Џан Пиеро Вентура кој беше отпуштен откако не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство.

Манчини, наводно започнал со подготовки за работа во репрезентацијата, а прва крупна измена ќе биде враќањето меѓу Азурите за Марио Балотели со кого Манчини имаше одлична соработка во Манчестер Сити.