Фелаини пред шокантен трансфер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот таблоид „Дејли Мирор“ пренесува дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини е пред шокантен трансфер во Ливерпул.

Наводно црвените од „Енфилд“ го посочиле Белгиецот како идеална замена за Емре Чан кој се поизвесно ќе си замине од клубот ова лето.

Договорот на Фелаини со Јунајтед истекува во јуни, па за следниот трансфер нема да се прашуваат „ѓаволите“ туку ќе одлучи самиот играч, а тоа го прави преминот во Ливерпул далеку поверојатен.

„Мирор“ пишува дека Ливерпул ќе му понуди на корпулентниот играч договор на три сезони.