Јапонија го смени селекторот на два месеци до Мундијалот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јапонскиот фудбалски сојуз денес донесе изненадувачка одлука со која го разреши Вахид Халихоџиќ од местото селектор на репрезентацијата.

Босанецот ги однесе Јапонците на Мундијалот во Русија, но таму нема да ја води селекцијата затоа што од сојузот му соопштиле дека е променет.

Како причина за промената се наведуваат лошите партии во пријателските натпревари, но веројатно има и нешто друго околу сето тоа. Интересно е што Халихоџиќ и во 2010 година доживеа иста судбина откако ја однесе селекцијата на Брегот на слоновата коска на Светското првенство, а потоа беше сменет.

Од Фудбалскиот сојуз на Јапонија соопштија дека нов селектор ќе биде Акира Нишино. Нишино десет години беше тренер на Гамба Осака, а  пред две години стана и технички директор на фудбалскиот сојуз.