Мурињо сруши неверојатна серија на Гвардиола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола никогаш како тренер не примил по три погодоци на два натпревари едно по друго. Тоа се смени овој викенд по натпреварите со Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Се чинеше дека „граѓаните“ ќе го потврдат насловот во градското дерби против Јунајтед кога поведоа со 2:0, а имаа и неверојатна теренска иницијатива. Сепак, во вториот дел го прокоцкаа водството и претрпеа нов болен пораз по оној од Ливерпул во Лигата на шампионите.

Никогаш претходно во кариерата, ниту во Сити, ни во Барселона ни во Баерн, Гвардиола не примил три погодоци во два натпревари со ред. Таа низа траеше неверојатни 514 натпревари.