Јуве ќе го купува Ремзи доколку Чан се одлучи да остане во Ливерпул


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според шпекулациите од редовите на Јувентус ја разгледуваат опцијата во своите редови да го донесат Арон Ремзи од Арсенал.

Гигантот од Италија притиска за играчот на Ливерпул, Емре Чан, но засега нема никаков напредок во преговорите, па затоа побарале алтернатива во името на Арон Ремзи.

Јувентус не би платил многу за Велшанецот со оглед на фактот што неговиот договор ќе влезе во завршната година следното лето. Офанзивниот фудбалер за врска има одлична сезона во Арсенал запишувајќи 10 асистенции во сите натпреварувања, на кои има додадено девет погодоци.