Каков татко таков син: Роналдо јуниор го „копираше“ неговиот татко (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал и Атлетико одиграа нерешено (1:1) во дербито за Мадрид во рамките од шпанската Ла Лига.

Голот за „Кралскиот клуб“ го постигна Роналдо со прекрасен волеј удар по центаршутот на Герет Бејл. Сепак, на љубителите на фудбалот се уште во мислите им е феноменалниот гол на Португалецот против Јувентус во Лигата на шампионите.

Дека крушата под круша паѓа покажа синот на Роналдо, Кристијано јуниор, кој по натпреварот со Атлетико ги покажа своите фудбалски вештини, а ќе остане запаметен неговиот обид да постигне ист погодок како неговиот татко пред една недела.