Кагава се враќа во Премиер лигата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Медиумите во Германија пишуваат дека фудбалерот на Борусија Дортмунд, Шинџи Кагава е трансфер цел на Вест Хем.

Јапонецот кој не се снајде во Манчестер Јунајтед е летна желба за Дејвид Мојс кој ќе сака да го засили тимот во пресрет на новата сезона.

„Фузбал Ек“ пренесува дека Кагава ќе ги чини „Чеканите“ околу 13 милиони евра. Јапонецот игра променливо по неговото враќање во Дортмунд, па затоа од клубот нема да имаат против да го продадат на Вест Хем.