Рашфорд фрустриран поради Мурињо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот „Мирор“ пишува дека Маркус Рашфорд бил фрустриран затоа што во последно време не добивал доволно прилика од Жозе Мурињо.

Весникот дури оди до таму што пренесува дека доколку ваквата ситуација продолжи најталентираниот играч на Манчестер Јунајтед ќе побара да си замине во текот на летото.

Некои од фудбалските вљубеници останаа зачудени поради ваквите најави на Мирор со оглед на фактот што Маркус Рашфорд заедно со Давид Де Геа е играчот кој има најмногу натпревари во црвениот дрес оваа сезона.