Мората го напушта Челси по крајот на сезоната?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот напаѓач Алваро Мората летоска се пресели во редовите на Челси од Реал Мадрид, но тоа баш и не се покажа како правилен чекор.

Мората на „Стемфорд Бриџ“ пристигна како замена за Диего Коста, но во досегашниот дел од сезоната не одигра онака како што очекуваа од Челси кога се решија да му платат на Реал Мадрид 70 милиони фунти.

„Сан“ пишува дека Мората сериозно размислува да ја промени средината во летниот преоден рок, а за него наводно интерес пројавил тимот на Јувентус. Сепак, проблем ќе биде високата плата на Шпанецот од осум милиони евра годишно. Најплатен играч во клубот од Торино моментално е Игуаин со 7.5 милиони евра годишно.

Се споменува и трансфер во Кина, но таквата опција веројатно ќе биде одбиена од страна на самиот играч.