Моето време во Јунајтед можеби заврши


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сем Џонстон призна дека неговото време во Манчестер Јунајтед можеби е завршено по неколкуте позајмици во текот на изминатите години.

Англичанецот не доби шанса на „Олд Трафорд“ најмногу поради тоа што прв избор е еден од најдобрите, ако не и најдобриот голман во светот Давид Де Геа.

За тоа е свесен и самиот голман кој во текот на летото веројатно ќе ја бара среќата на друга страна.

„Ако заминеш, единствена негативна работа е тоа што не си добил шанса во првиот тим и покрај тоа што си тука од својата десетта година. Јас сакав да добијам шанса, но во исто време сум свесен дека тука е најдобриот голман во светот, Давид Де Геа. Сепак јас не можам да чекам засекогаш“ –коментираше Џонстон за Гардиан.