Илиев одбрани пенал и го однесе Арсенал во финалето од Интернационалниот куп


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Дени Илиев имаше одличен настап во тимот на Арсенал во рамките од полуфиналето на Интернационалниот куп организиран од Премиер лигата против Виљареал.

Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник (2:2), а патникот во финалето се бараше по изведувањето на пеналите.

Илиев успеа да го скроти ударот на противничкиот фудбалер во третата серија и со тоа да го однесе тимот во финалето. Арсенал противникот во финалниот натпревар ќе го добие по завршувањето на натпреварот помеѓу Њукасл  и Порто.