Само два клуба покрај Рома успеале да се вратат по негатива од три гола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Речиси сите ја видоа Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите по победата до 4:1 на првата средба, но во фудбалот се случуваат чуда, па тоа се случи и вчера на Олимпико.

Рома победи со 3:0 и така си го трасираше патот кон полуфиналето, а победата е уште поголема кога ќе се земе предвид дека само два тима пред нив успеале да се вратат по негатива од три гола.

Во сезоната 2003/04 Милан убедливо го совлада тимот на Депортиво Ла Куруња во првиот натпревар, а веќе во реванш средбата Шпанците славеа со 4:0 и така се пласираа во следната фаза.

Дури 13 години се чекаше да се случи нешто слично и тоа до минатата година кога Барселона успеа да анулира резултат од 4:0 на ПСЖ и со 6:1 да се пласира во наредната рунда.

Овој пат тоа му успеа на тимот на Рома кој со 3:0 сосема заслужено се пласираше во полуфиналето од најелитното европско натпреварување.