Џеко среќен што ги одбил милионите на Челси за да остане во Рома


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Напаѓачот на Рома, Един Џеко истакна дека му олеснило што ја одбил понудата на Челси по синоќешниот триумф против Барселона и пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Џеко беше клучниот играч на Рома во неверојатниот триумф над Барселона (3:0) постигнувајќи го првиот погодок, а врз него беше направен и пеналот кој подоцна го реализира Даниеле Де Роси.

Босанецот можеше да биде елиминиран токму од Барселона доколку ја прифатеше понудата на Челси, но истакна дека вчерашниот натпревар само потврдил дека го направил вистинскиот избор.

„Сега може да играм во полуфиналето. Не сум заинтересиран за пари. Не беше лесно да се одбие Челси, но јас останав овде поради ваквите натпревари. Пресреќен сум, а мислам дека и од клубот се доста среќни“– коментираше Џеко за „Медиасет“.

Напаѓачот на Рома беше пред преселба на „Стемфорд Бриџ“ овој јануари, но во последен момент се одлучи да остане на „Олимпико“ и тоа се покажа како вистински избор.