Јунајтед ќе ги одбие сите понуди за Рашфорд


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ќе ги одбие сите понуди за Маркус Рашфорд кои ќе пристигнат на нивна адреса.

Некои шпекулации говореа дека Рашфорд можеби ќе ја разгледа можноста да го напушти „Олд Трафорд“ со цел да обезбеди повеќе првотимски фудбал.

Сепак, угледниот ЕСПН јавува дека Манчестер Јунајтед е одлучен да го задржи напаѓачот кој го имаше своето деби во 2016 година.

Маркус Рашфорд и покрај пишувањата дека не добива шанса е играчот со најмногу настапи за клубот откако Мурињо е на тренерското столче. Младиот Англичанец досега има собрано 97 натпревари од 112 колку што Мурињо е на клупата на Јунајтед.