Храбриот Јувентус падна во судиското продолжение


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус го совладаа Реал Мадрид на „Бернабе“ со 3:1, но тоа не беше доволно да направат чудо и да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Јувентус одлично го отвори натпреварот и стигна до предност веќе во втората минута кога Кедира одлично го пронајде Манџукиќ.

Во 37. минута „Бернабе“ повторно беше замолкнат. Лихштајнер овој пат беше во улога на асистент, а стрелецот остана ист, Марио Манџукиќ.

На почетокот на вториот дел Реал тргна по гол, направи неколку добри шанси, но голот пристигна на другата страна. Во 61. минута Навас имаше катастрофална интервенција, а неговата грешка ја искористи Матуиди за 3:0.

Кога сите очекуваа крај на мечот и продолженија, Мајкл Оливер покажа на белата точка по еден сомнителен старт на Бенатија врз Васкез. На тоа бурно реагираше Буфон кој заработи црвен картон, а пеналот во гол и голема радост во Мадрид го претвори Кристијано Роналдо.