Баерн патник во полуфиналето по ремито во вториот натпревар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Баерн Минхен патува во полуфиналето по ремито без голови на „Алијанц Арената“ против Севиља.

Победата од 2:1 на „Санчес Писхуан“ беше доволна и „Баварците“ без поголем проблем се пласираа меѓу четирите најдобри во Европа.

Рака на срце Севилја влезе храбро во овој натпревар, но не направи доволно прилики за да го совлада Улрих.

Во вториот дел Баерн Минхен имаше повеќе од играта и направи две одлични шанси преку Робен кој во 72. и 90. минута не реализира одлични шанси.