„Реал заслужи да помине, подобри се од нас и можеби ќе ја освојат Лигата на шампионите, но ние заслуживме продолжение“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јувентус не успеа, а беше многу блиску. Старата дама го изгуби натпреварот во последната минута и иако победи во Мадрид, вкупниот резултат беше 4:3 за Реал.

Освен што последниот свиреж на судијата го означи крајот на напреварот, ова беше и кај на европската сезона на Старата дама, но веројатно и крај на една блескава кариера.

Иако веројатно на крајот од сезоната Џанлуиџи Буфон ќе го крене пехарот во Серија А уште еднаш, останува жалта за трофејот кој никогаш не го подигна.

Работата да биде уште полоша, натпреварот го заврши со црвен картон, откако капитенски застана во одбрана на својот тим и веројатно реагираше понесен од емоциите.

После натпреварот расположението на италијанскиот голман не беше сменето.

„Тоа беше навистина сомнителна одлука во 93. минута. Добар судија не ги уништува соништата на екипата која дала се од себе во текот на 93 минути. Тие сакаа да бидат главни актери. Нормална личност на такви натпревари не може да свири таква сомнителна ситуација, освен ако на местото на срцето нема ништо“, изјави бесно капитенот на Старата дама, додавајќи:

„Ова не го прават луѓе, ова го прават животни. Овој судија нема чувства, мора да сфати каква катастрофа направи. Реал заслужи да помине, подобри се од нас и можеби ќе ја освојат Лигата на шампионите, но ние  заслуживме продолжение“.