Баерн Минхен ги продолжува договорите со Рибери и Робен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн Минхен објави дека ќе ги продолжи договорите со своите искусни фудбалери.

Управата одлучи да ги продолжи договорите на Арјен Робен и Франк Рибери на уште една година.

Тие двајца во последните недели беа незадоволни поради фактот дека со почетокот на преговорите многу долго се чекаше, но на крајот проблемот беше решен.

Детали од нивните договори се уште не се откриени.