Буфон си ја предвиде судбината: Можеби ќе ја завршам кариерата како Зидан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот италијански голман во судиското продолжение беше исклучен од мечот против Реал Мадрид.

Буфон жестоко реагираше на главниот судија и почна да му вика, а тој веднаш го извади црвениот картон. Сепак, судијата имаше голема среќа зашто можеше да помине многу полошо.

Неодамна, голманот на Јувентус, Буфон имаше интересна изјава.

„Како го замислувам својот последен меч? Можеби ќе излезам како Зидан, ако удрам некого на теренот. А пред да ја завршам кариерата, морам да одам на СП во Русија, каде што ќе го одиграм последниот меч“, кажа Буфон.