Изненадувачки избор: Баерн до крајот на април ќе го претстави новиот предводник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германските медиуми синоќа пласираа информација дека нов тренер на Баерн Минхен ќе биде Хрватот, Нико Ковач.

Изборот на раководството на „баварците“ паднал на Ковач кој моментално работи во Ајнтрахт Франкфурт.

Старо-новиот шампион во Бундеслигата ќе исплати 2.2 милиони евра оштета за хрватскиот стратег со оглед на фактот што тој се уште има договор со клубот од Франкфурт.

Во потесен избор за наследници на Хејнкес беа и Нагелсман и Фавре, но на крајот изборот паднал врз 46 годишниот Хрват кој претходно беше предводник на „коцкестите“.