„Оливер донесе вистински одлуки, тој е најдобар во ПЛ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одлуката на англискиот судија Мајкл Оливер да покаже пенал во 93. минута предизвика големи тензии на теренот, а потоа му покажа и црвен картон на Џанлуиџи Буфон.

Клатенбург, кој долго време беше еден од судиите на ФИФА, а кој сега е шеф на судиската организација во Саудиска Арабија, кажа дека Мајкл Оливер е најдобар во Премиерлигата и дека не згрешил во последните минути.

„Да бидеме јасни. Мајкл Оливер имаше две важни одлуки на крајот на мечот и пресуди правилно. Прекршокот на Бенатија беше за пенал“, кажа Клатенбург.