Пеналот кој го подели светот: Фудбалската мафија го елиминираше Јувентус


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пеналот кој Мајкл Оливер го досуди во 93. минута од четвртфиналето во Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Јувентус ја подели фудбалската јавност.

Јувентус водеше со 0-3 до 93. минута, но потоа Мехди Бенатија направи прекршок врз Лукас Васкез и главниот судија покажа на белата точка во продолжението од средбата.

Следуваа голем број протести на играчите, а Џанлуиџи Буфон доби црвен картон поради тоа што го турнал судијата. Оваа ситуација ја подели фудбалската јавност и предизвика различни мислења во светот на познатите.

Легендарниот Кристијан Виери смета дека „судијата е патетичен“ додека Хозе Луис Чилаверт кажа дека „фудбалската мафија го елиминирала Јувентус“.

Габриел Батистута кажа дека не може на Реал да му честита за пласманот понатаму зашто „тој е фудбалер на Јувентус“.

Џеферсон Фарфан смета дека ова бил „класичен грабеж“ додека имаме и друга страна, која мисли дека пеналот бил чист.

Поранешниот фудбалер на Реал, Гути смета дека Јувентус одиграл добар натпревар, но и „дека пеналот бил чист“. Фердинанд не го коментираше пеналот, туку кажа дека за Роналдо „не постои никаков притисок никогаш“.