„Се боревме 90 минути како лавови, а потоа судиската одлука уништи сѐ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот играч за врска, Сами Кедира, знае дека работите не може да се сменат и дека е залудно да се зборува за одлуката на Мајкл Оливер да покаже пенал во 93. минута, кој го реши патникот во полуфиналето на Лигата на шампиони.

Кедира е поранешен играч на Реал Мадрид, но како член на Јувентус има што да зборува за главниот судија и со право да му биде лут.

„Ја направивме неверојатната работа во 90. минути, но понекогаш натпреварите траат долго. Беше скоро невозможно да се вратиме до крајот, но ова никој не го очекуваше. Покажавме дека сме еден од најдобрите европски тимови. Одлуката на судијата беше нејасна. Не беше Оливер сигурен во неа. Не може туку-така да досудите пенал. Лути сме затоа што се боревме како лавови 90 минути и на крајот судијата го реши натпреварот“, кажа Кедира.

„Старата дама“ остана без уште едно полуфинале додека „кралевите“ во наредниот меч ќе се соочат против Баерн Минхен.