Оливер Кан: Буфон треба да се пензионира!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон доживеа неколку разочарувања, откако прво испадна од квалификациите за СП со Италија, а потоа беше елиминиран Јувентус во Лигата на шампиони.

Оливер Кан, германски голман, му кажа на својот колега да се повлече од фудбалот и да замине додека е време.

„Тешко е да разберете кога треба да се пензионирате. Посебно кога сакате да ја освоите Лигата на шампиони. Но, ако го направеше тоа порано, Буфон ќе се поштедеше себеси од елиминацијата од СП и новото разочарување против Реал“, кажа Кан.