Вест Хем ќе пазари во Челси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пренесува „Сан“ од редовите на Вест Хем се заинтересирани во своите редови да го видат фудбалерот на Челси, Дени Дринквотер.

Англичанецот не се снајде баш најдобро на „Стемфорд Бриџ“ а како причина за тоа може да се наведат и повредите кои ги имаше во клубот.

И покрај повредите, Дринквотер не бил задоволен од неговиот престој во Челси и веројатно ќе ја менува средината во овој преоден рок.

Покрај Вест Хем за него се интересира и неговиот поранешен клуб, Лестер, но враќање меѓу „лисиците“ веројатно нема да се случи.