Ливерпул се интересира за Сусо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од редовите на Ливерпул планираат да испратат понуда во висина од 40 милиони евра за услугите на Сусо од Милан.

Шпанецот помина пет години на „Енфилд“ пред да во 2015 година да замине токму во Милан. Таму фудбалерот имаше одлични две сезони и сега повторно го привлече вниманието на неговиот поранешен клуб.

Ливерпул беше заинтересиран за Сусо и во јануарскиот преоден рок, а сега веројатно ќе притисне повеќе за ангажман на талентираниот фудбалер кој би требало да претставува покритие за одличната офанзивна тројка Салах-Фирмино-Мане.