Неверојатен пресврт на Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси со неверојатен пресврт стигна до победа во 34. коло од Премиер лигата против тимот на Саутемптон.

„Светците“ имаа предност од два погодоци, но на крајот Челси носен на крилата на Оливие Жиру стигна до значајна победа.

Се играше 21. минута кога по левата страна одличен центаршут упати Бертранд, по што Тадиќ го пронајде патот до мрежата.

Во 59. минута следуваше нов шок на „Стемфорд Бриџ“ откако Јан Беднарек погоди за водство на Саутемптон од 2:0.

Кога се чинеше дека се е готово, Конте во игра го уфрли Оливие Жиру кој се покажа како клучен за овој натпревар. Фантастичниот напаѓач во 70. минута намали на 2:1, а само пет минути подоцна Азар изедначи на 2:2. Веќе во 78. минута Французинот го постави конечниот резултат за победа на Челси.