Шокантен пораз на Манчестер Јунајтед, Сити нов шампион на Англија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити се нови шампиони на Англија откако нивниот градски ривал Манчестер Јунајтед денес претрпе пораз од ВБА на „Олд Трафорд“ (0:1).

Единствениот погодок на средбата го постигна Џеј Родригез во 76. минута од средбата. Со оваа победа на пет кола пред крајот на сезоната ВБА ги задржа теоретските шанси за опстанок.

Манчестер Сити  на пет кола пред крајот на шампионатот има 16 бодови повеќе во однос на Манчестер Јунајтед, па веќе од сега и математички ја обезбедија титулата. Вчера избраниците на Гвардиола славеа на гостувањето против Тотенхем со 3:1.