Јунајтед покажа дека е голем клуб – стигна „најмилата“ честитка за Сити (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити вчера стана шампион на Англија, откако Јунајтед изгуби на домашен терен од ВБА со 0-1.

Шокантниот пораз на Јунајтед му дозволи на Сити математички да ја потврди титулата во Премиерлигата. Пеп Гвардиола стигна до првата титула во Англија, а од второпласираниот Јунајтед испратија честитка до „граѓаните“.

„Честитки до Манчестер сити за освоената Премиерлига“, напишаа „црвените ѓаволи“ на официјалниот Твитер профил.