Ибрахимовиќ откри дали ќе настапи на Мундијалот во Русија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ се враќа во живот, па навести дека може да замине на Светското првенство (СП) во Русија.

И пред да се пласираат Швеѓаните на СП, откако ги шокираа Италијанците, Ибра одлучи да ја заврши репрезентативната кариера, но искусниот напаѓач не ја отфрла можноста за настап на Мундијалот.

Откако постигна три гола во два настапи за Лос Анџелес Галакси, 36-годишниот Ибра напиша на Твитер дека шансите за настап во Русија се големи.

Тој е најдобар стрелец на Шведска со 62 гола на 116 настапи од 2001. до 2016. Година, а како капитен ги водеше Швеѓаните од 2010. година.