„Лигата на шампиони е најважна, ништо друго не ме интересира!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах игра одлична сезона, а кажа дека приоритет за него е освојување на трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Фантастичниот фудбалер од Египет е прв на листата на стрелци во Премиерлигата со 30 голови, но вели дека „златната копачка“ не го интересира, туку најважно му е освојувањето на ЛШ.

„Секако дека чувството е прекрасно, но на крајот јас сум среќен ако постигнувам голови и му помогам на тимот. Но, ако треба да изберам помеѓу ЛШ и наградата за најдобар стрелец, тогаш тоа би било ЛШ дефинитивно“, вели Салах.